Јувентус останува со доверба кон тренерот Тијаго Мота, потврди спортскиот директор Кристијано Џунтоли, и покрај двата последовни тешки порази.
Поразот од 0-4 на домашен терен против Аталанта минатиот викенд беше следен од уште еден убедлив неуспех – 3-0 против Фиорентина, што го остави тимот на Мота на петтата позиција во Серија А и го зголеми притисокот врз него.
„Во вакви моменти, сите мора да останеме обединети и заедно да излеземе од тешката ситуација“, изјави Џунтоли за „Скај Италија“.
„Многу жалиме, оваа сезона имавме подеми и падови, но никогаш не сме одиграле два натпревари толку под нашето ниво. Сепак, веруваме дека можеме да излеземе од ова како тим.“
На прашањето дали Јувентус ќе продолжи со Мота како тренер, Џунтоли беше јасен:
„Се разбира. Започнавме нов проект, поминавме низ предизвици, вклучително и намалување на платите, и не треба да размислуваме за ништо друго освен за нашата главна цел – пласман во Лигата на шампионите.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













