Connect with us

Јувентус ќе направи уште еден обид да го задржи Влаховиќ

Раководството на Јувентус ќе направи последен обид да постигне договор со напаѓачот Душан Влаховиќ околу продолжување на неговиот договор, кој истекува наскоро, пренесуваат италијанските медиуми.

Тоа треба да се случи на последната средба меѓу двете страни, која е закажана во следните неколку дена. Сепак, според информациите, нема голем оптимизам дека ќе биде постигнат договор за продолжување на соработката. Така, најверојатно Влаховиќ ќе го напушти торинскиот гигант по четири и пол години минати во клубот, период во кој одигра 168 натпревари, постигна 68 голови и забележа 16 асистенции, освојувајќи и еден трофеј во Купот на Италија.

Во однос на преговорите со Пари Сен Жермен за ангажман на друг напаѓач, Рандал Коло Муани, се наведува дека за реализација на трансферот ќе биде потребна висока отштета. Токму поради тоа, во овој момент сè уште нема договор меѓу двата клуба и преговорите продолжуваат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови