Connect with us

Јувентус ќе му даде поддршка на Спалети до крајот на сезоната

Јувентус минува низ сериозна резултатска криза, но и покрај незадоволството кај навивачите, Лучијано Спалети засега ќе ја задржи тренерската функција. Раководството на торинскиот клуб донело одлука да не прави промени на клупата пред крајот на сезоната, иако притисокот врз италијанскиот стратег станува сè поголем.

Последниот удар за „старата дама“ беше поразот од Џенова (2-0) во деветтото коло од Серија А. Домашниот тим ја заврши работата уште во првото полувреме, со головите на Ехизибуе во 12. и Балданци во 28. минута.

Навивачите на Јувентус веќе подолго време не го кријат незадоволството од работата на Спалети и за време на натпреварите испраќаат пораки до клупското раководство дека е време за промена на тренерот.

Сепак, според информациите на италијанскиот „Тутоспорт“, од таков потег засега нема да има ништо. Клубот има намера да му даде доверба на Спалети најмалку до крајот на сезоната, а и самиот тренер верува дека може брзо да го извлече тимот од кризата.

„Јувентус има јасна намера Спалети да остане на клупата до крајот на сезоната. И самиот тренер е убеден дека може многу брзо да го извлече тимот од кризата“, објавува „Тутоспорт“.

Дополнителна причина за незадоволство кај дел од навивачите е односот на Спалети кон Керим Алајбеговиќ, кој во последниот период добиваше многу малку простор за настап. Токму неговата мала минутажа предизвика реакции меѓу приврзаниците на торинскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови