Connect with us

Јувентус ја засилува офанзивата: Грацијано Пеле понуден во Торино

Поранешниот италијански репрезентативец Грацијано Пеле го напушта кинескиот Шандонг и се враќа во Серија А. Тој е понуден на актуелниот првак Јувентус, а тренерот Андреа Пирло сериозно ја разгледува можноста да го ангажира до крајот на сезоната. На „старата дама“ и е потребен робусен напаѓач кој би влегол во игра доколку Роналдо, Мората и Дибала немаат свој ден и би го решил мечот. 

Досега Пирло беше на мислење да го доведе Фернандо Љоренте, но италијанските медиуми најавуваат дека се премислил и дека се негов фаворит е токму Грацијано Пеле. Спортскиот директор Фабио Паратичи води преговори за платата на Грацијано Пеле и може да се очекува брза разврска и негово приклучување на тимот. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови