Фудбалерите на Јувентус ја совладаа во Торино екипата на Болоња со 2-0 во натпревар од 33. коло на Серија А.
Избраниците на Лучијано Спалети ја продолжија серијата од речиси два месеци без пораз, запишувајќи трета последовна победа без примен гол против еден од подобрите тимови во земјата.
Јуве поведе уште во втората минута, кога по добриот центаршут на Калулу од десната страна, Џонатан Дејвид на најдобар можен начин со глава го совлада немоќниот Равалија.
Првото полувреме помина во апсолутна контрола на „бјанконерите“, кои по водството се закануваа преку Консеисао и Холм, а наградата за ваквиот пристап стигна на почетокот од вториот дел.
Се играше 57. минута кога повторно кобен за гостите беше центаршут од десната страна, овојпат топката ја испрати МекКени, а погодокот го постигна резервистот Кефрен Турам.
Ова малку ги разбуди фудбалерите на Болоња, видовме и удар во стативата на Роу, како и шанса за Орсолини, но промена на резултатот немаше, па Јувентус без поголеми проблеми стигна до рутинска победа.
Гигантот од Торино се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Серија А со 63 бода, додека Болоња е осмопласирана со 48.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













