Connect with us

Јувентус испрати понуда за Зиркзе, Холанѓанецот сака само во Торино

Јувентус испратил нова понуда до Манчестер Јунајтед за Џошуа Зиркзе, објави „Скај Спорт Италија“. Торинскиот гигант предлага позајмица со откупна опција од 30 милиони евра, додека Зиркзе, наводно, претпочита преселба во Јувентус пред Фиорентина.

Јувентус бара нов напаѓач бидејќи Џонатан Дејвид е сè поблиску до заминување на позајмица во Атлетико Мадрид.


Доколку пропадне договорот за Зиркзе, торинскиот клуб веќе контактирал со Њукасл за да ја провери можноста за ангажман на Ник Волтемаде.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови