Connect with us

Јувентус и Милан во трка за Лука Јовиќ

Италијанските калчолигаши Јувентус и Милан сакаат да ја засилат навалната линија со Лука Јовиќ. Тој во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Серија А откако повторно не може да се избори за место во стартниот тим на Реал Мадрид. Карим Бензема и Жуниор Винисиус играат во одлична форма, па Лука Јовиќ добива само по некоја минутка во завршницата од мечевите.


на Јувентус му е потребен напаѓач по заминувањето на Кристијано Роналдо затоа што Алваро Мората се почесто е повреден, а тогаш како опции за Масимилијано Алегри остануваат само Пауло Дибала и Моисе Кин.

Милан исто така е во трка за Лука Јовиќ затоа што сака да го прошири ростерот за да ја издржи битката за скудетото со Интер. И кај „росонерите“, ветеранот Златан Ибрахимовиќ често се повредува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови