Connect with us

Јувентус го претстави Керим Алајбеговиќ како ново засилување

Керим Алајбеговиќ и официјално е нов фудбалер на Јувентус. Италијанскиот великан денеска го потврди ангажманот на 18-годишниот босански репрезентативец, со што завршија шпекулациите околу неговата иднина.

„Старата дама“ објави дека постигнала договор со Баер Леверкузен за трансферот на младиот офанзивец.

„Јувентус со задоволство објавува дека постигна договор со Баер Леверкузен за трансферот на Керим Алајбеговиќ“, стои во официјалното соопштение на торинскиот клуб.

Од Јувентус потврдија и дека Алајбеговиќ ставил потпис на долгорочен договор кој ќе важи до летото 2031 година.

Според информациите од Италија, вредноста на трансферот изнесува околу 35 милиони евра, што претставува еден од најголемите трансфери на млад босански фудбалер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови