Connect with us

Јувентус го откупи договорот на Жереми Бога

Од Јувентус официјално го потврдија постојаниот трансфер на крилниот напаѓач Жереми Бога од Ница.

Клубот соопшти дека платил 4,8 милиони евра, како и дополнителни 800.000 евра, за да го задржи офанзивецот со договор до летото 2029 година.

Бога пристигна во торинскиот гигант на самиот крај од зимскиот преоден рок и остави солиден впечаток со четири гола и една асистенција на 17 натпревари за „старата дама“ во сите натпреварувања.

Во периодот поминат во Ница, која пред три години плати 17,5 милиони евра на Аталанта за неговиот ангажман, поранешниот младинец на Челси одигра 73 натпревари, постигна 11 голови и запиша девет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови