Италијанскиот калчолигаш Јувентус во јануари сака да го засили нападот, а конкуренцијата за Душан Влаховиќ ќе пристигне од Реал Мадрид.
„Старaта“ дама и оваа сезона не игра на очекуваното ниво, поради што раководството на клубот ќе се обиде во јануари да го засили тимот за вториот дел од сезоната.
Италијанските извори наведуваат дека главниот приоритет е засилување на самиот врв на нападот, бидејќи во Јувентус не се многу задоволни од настапите на Влаховиќ и неговата голгетерска форма.
Се шпекулира и дека клубот сака да се ослободи од Влаховиќ на крајот од сезоната и дека веќе во јануари ќе се обиде да најде напаѓач кој би можел да биде првата опција во нападот.
Според информациите од Апенините, меѓу неколкуте имиња поврзани со Јувентус, најмногу внимание привлекува напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија.
Гарсија импресионираше со своите настапи во дресот на Реал на Светското клупско првенство, но откако Килијан Мбапе се врати, оваа сезона поголемиот дел од времето го минува на клупата за резервни играчи.
Јасно е дека Гарсија сака да игра во клуб каде ќе има повеќе шанси за настап, а поканата од Торино ја пречека со големо воодушевување и надеж дека Реал ќе се согласи да го пушти.
Јувентус сака овој млад напаѓач да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на договорот на лето доколку Гарсија ги оправда очекувањата.
Овој 21-годишен напаѓач на Светското клупско првенство постигна дури четири гола на шест натпревари, но откако Мбапе се врати, ситуацијата се промени.
Во досегашниот дел од сезоната во другите натпреварувања, тој одигра 17 натпревари, поголемиот дел како замена, и не успеа да се запише на листата на стрелци.
Гарсија има договор со „кралевите“ до летото 2030 година, а неговата пазарна вредност изнесува околу 15 милиони евра. Тој е продукт на академијата на Реал Мадрид, и летоска се шпекулираше дека би можел да замине во друг клуб, но по одличниот настап на Светското клупско првенство, Чаби Алонсо го промени мислењето.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













