Ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан би можел на крајот од сезоната да ја напушти Рома и да се пресели во Торино. Јувентус е „кралот на слободните трансфери“, па раководството на актуелниот првак го убедува одличниот Ерменец да дојде во редовите на „старата дама“ како слободен агент по завршувањето на оваа сезона.
Мхитарјан има договор со Рома до јуни 2021 година, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна година. Но, неговиот агент Мино Рајола го советува да замине во Јувентус кој му нуди многу подобри лични услови на фудбалерот доколку за него не треба да плати отштета.
Хенрик Мхитарјан оваа сезона игра одлично во дресот на „волчицата“. На 26 меча во дресот на Рома постигна 11 гола и забележа 10 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













