Connect with us

Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома

Јувентус го реализираше еден од најизненадувачките трансфери ова лето, откако успеа да го ангажира турскиот репрезентативец Зеки Челик, иако до неодамна се чинеше дека десниот бек сигурно ќе го продолжи договорот со Рома.

29-годишниот дефанзивец успешно ги помина медицинските прегледи во Торино и потпиша тригодишен договор со „старата дама“, ставајќи крај на својата авантура во римскиот клуб.

Според италијанските медиуми, трансферот бил реализиран во целосна тајност, а спортскиот директор на Јувентус, Фредерик Масара, го искористил моментот кога Челик останал без важечки договор со Рома.

Клубот од главниот град веќе имал усмен договор со турскиот репрезентативец за нова соработка и плата од три милиони евра по сезона, а се чекало само официјалното потпишување. Сепак, бидејќи неговиот претходен договор истекол на 30 јуни, Челик во изминатите две недели бил слободен агент, што му овозможило на Јувентус без никакви правни пречки да го обезбеди неговиот потпис.

Челик игра на позицијата десен бек, а по потреба може да настапува и како десен крилен бек во поофанзивни формации.

Турскиот репрезентативец е производ на младинската школа на Бурсаспор, додека европска афирмација стекна во дресот на Лил, каде што настапуваше од 2018 до 2022 година. Со францускиот клуб ја освои титулата во Лига 1 и Суперкупот на Франција, по што Рома го доведе во своите редови за трансфер вреден седум милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови