Фудбалерите на Галатасарај обезбедија пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите по вистински трилер во Тoринo од 120 минути. Јувентус поведе со три гола (3-0) и го однесе мечот во продолженија, но тогаш повторно се појави Виктор Осимен за 3-1 во регуларниот дел на продолженијата и вкупни 6-5 за Галата. Во финалните моменти, Јилмаз го потврди пласманот на Галатасарај за конечни 3-2.
Јувентус почна силно, создавајќи шанси преку Копмајнерс, Консеисао и Јилдиз, но без гол. Галатасарај имаше само една опасна можност во првото полувреме преку Осимен, чиј полуволеј го одбрани Перин.
Во 37. минута, Јувентус поведе преку Локатели од пенал. Лукас Тореира непотребно го собори Турам, а реализацијата беше дело на Локатели за 1-0.
На стартот од второто полувреме, драмата експлодираше – во 49. минута Кели Лојд го нагази Јилмаз и доби директен црвен картон по ВАР-преглед. И покрај играч помалку, Јувентус создаваше шанси, но не успеваше да го израмни резултатот.
Во 70. минута Галатасарај повторно се врати во игра – Калулу центрираше, а Гати погоди за 2-0 и повторно го активира резултатот за Јувентус. Во 82. минута, Меккени со удар со глава постигна гол за 3-0 израмни на 5-5 во вкупниот резултат, одведувајќи го мечот во драматични продолженија.
Во 96. минута, Жегрова промаши речиси празен гол од неколку метри, а веднаш потоа Галатасарај имаше нова шанса, но повторно не реализираше.
На крајот од првото продолжение, Виктор Осимен го постигна клучниот гол за 3-1, носејќи предност за Галатасарај. Лучијано Спалети потоа ги уфрли Опенда и Филип Костиќ, кој од првиот допир беше блиску до погодок.
Сè беше решено во 119. минута кога Јилмаз ја искористи забавената одбрана на Јувентус и погоди за конечни 3-2, со што Галатасарај обезбеди историски пласман во осминафиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













