Италијанскиот првак Јувентус ќе се обиде да се засили со двајца фудбалери на Баерн Минхен до крајот на зимскиот преоден рок. Откако не се остварија најавите за ангажман на Грацијано Пеле, Фабио Квалјарела, Џанлука Скамака, Фернандо Љоренте, тренерот Андреа Пирло посакува двоец од редовите на европскиот првак Баерн Минхен.
На „Алијанц арена“ е испратена понуда за позајмица за двајца фудбалери, играчот за врска Корентан Толисо и младиот напаѓач Џошуа Зиркзе. Двата клуба имаат добри релации со оглед дека Јувентус го отстапи на позајмица во Минхен, Бразилецот Даглас Коста.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













