Италијанскиот калчолигаш Јувентус ја одреди својата прва цел за засилување на одбраната, тоа е аргентинскиот стопер од Борнмут, Маркос Сенеси.
Според информациите, Јувентус наскоро ќе испрати официјална понуда за 28-годишниот играч, кој е во последната година од својот договор и следното лето ќе стане слободен агент.
Сенеси е еден од најдобрите стопери во Премиер – лигата оваа сезона, а интерес за него покажале и неколку други клубови. Сепак, Јувентус е најконкретен и веќе тргна во офанзива за неговиот потпис.
Аргентинецот пристигна во Борнмут летото 2022 од Феенорд за сума од 15 милиони евра. Во дресот на англискиот тим има одиграно 109 натпревари, а оваа сезона особено се истакна по заминувањето на Илија Забарњи и Дин Хаусен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













