Connect with us

Јуве се изнамачи и со Специја, ама барем победи (ВИДЕО)

Јувентус ја оствари првата победа во Серија А откако со многу мака славеше на гостувањето против Специја (2-3). Тимот на Масимилијано Алегри и на овој натпревар ги покажа слабостите во одбраната, но на крајот сепак успеа да стигне до три бода.

Моисе Кин во 28.минута го доведе Јувентус во водство, но само пет минути подоцна израмни Џиаси. На почетокот на вториот дел, Специја направи целосен пресврт во 49.минута со голот на Јанис Антист, а тогаш Јувентус тргна во тотална офанзива.

Федерико Киеза израмни во 66.минута, а Матијс де Лихт го сврте натпреварот на страна на Јувентус во 72.минута.

Салернитана и Верона одиграа 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови