Connect with us

Јури Тилеманс дојде на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед доби големо засилување за средниот ред откако го комплетираше трансферот на Јури Тилеманс од Астон Вила. Белгискиот репрезентативец потпиша петгодишен договор и кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ ја активираа откупната клаузула во договорот на Тилеманс и за неговите услуги платија 35 милиони фунти, односно околу 41 милион евра.

„Тешко ми е да опишам колку сум горд што се приклучувам на Манчестер Јунајтед. Да се потпише за толку посебен клуб е неверојатно чувство, кулминација на години посветеност откако првпат се заљубив во фудбалот“, порача Тилеманс по официјализацијата на трансферот.

Белгиецот зад себе има богато искуство во англискиот фудбал и со години е меѓу најценетите играчи за врска во Премиер лигата. Четири години беше дел од Лестер, а во изминатите три сезони го носеше дресот на Астон Вила.

Тилеманс досега запиша 244 настапи во Премиер лигата, со учинок од 26 погодоци и 39 асистенции.

Пред да пристигне во Англија, 29-годишниот фудбалер настапуваше за Андерлехт и Монако.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови