Мајкл Карик изјави дека Манчестер Јунајтед сè уште не ги има решено сите проблеми, и покрај победата од 2-0 против Тотнхем. „Црвените ѓаволи“ ја забележаа четвртата последовна победа, но менаџерот смета дека неговите избраници имаат уште многу простор за напредок.
Тој нагласи дека секој од четирите натпревари бил различен и дека нема место за еуфорија.
„Не се занесуваме. Не седам овде и да мислам дека сè е совршено и дека сме ги решиле сите проблеми. Сè уште има многу работа пред нас и целосно сум свесен за тоа“, изјави Карик.
Манчестер Јунајтед се зацврсти на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите и во моментот има само три бода помалку од градскиот ривал Манчестер Сити, кој вечерва му гостува на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













