Манчестер Јунајтед оствари убедлива победа (9-0) над Саутемптон, но, сепак, не беше се така идеално на тој меч. Се повреди уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани кој нема да биде во комбинација за настап на вечерашниот дуел против Евертон.
„Еди доби силен удар во скочниот зглоб, но мислам дека брзо ќе ја надмине повредата и дека ќе биде достапен за тимот. Баи исто така е „сомнителен“ за настап, но сите останати се подготвени“, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на второто место на табелата во Премиер – лигата со 44 бода, три помалку од лидерот Манчестер Сити кој има одиграно и еден натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













