Connect with us

Југослав Тренчовски тргна со победа на клупата на Олимпија Љубљана

Југослав Тренчовски не можеше да посака подобар почеток на својата тренерска мисија во Олимпија. Македонскиот стратег дебитираше со победа, откако тимот од Љубљана во драматичен финиш го совлада Алуминиј со минимални 1-0.

Олимпија беше подобриот противник во текот на целиот натпревар, но долго време не успеваше да ја материјализира иницијативата. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Урбанчиќ во третата минута од судиското продолжение ја затресе мрежата и донесе огромна радост на домашните.

Со овој триумф, Тренчовски ги освои првите бодови на клупата на словенечкиот клуб, а Олимпија конечно се издвои од дното на табелата и ја забележа првата победа во новата сезона.

Победничкиот старт е силен поттик за македонскиот тренер и за неговиот тим, кој ќе се обиде да го искористи овој моментум за подобри резултати во продолжението од словенечкиот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови