Connect with us

Јован Трајков ја изврши прозивката, Еуромилк ГЛ ги стартуваше подготовките (ФОТО)

Новиот второлигаш Еуромилк Горно Лисиче стартуваше со работа во пресрет на новата сезона во која се натпреварува на второлигашката сцена. Тренерот Јован Трајков вчера ја одржа првата прозивка и со фудбалерите го одржа првиот тренинг.

Планот за подготовки е веќе скоцкан, а сега лисичани ќе треба да се зафатат со сериозна работа. Да продолжат таму каде што застанаа минатата сезона, кога го освоија првото место во Третата лига Север, а потоа имаа успех и во баражот против Каменица Саса.

Амбициите се јасни, Еуромилк ГЛ ќе сака да се позиционира како стабилен второлигаш и што е можно побрзо да го осигура статусот во оваа конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови