Германскиот стратег Јирген Клоп се враќа на тренерската професија и го прифатил предизвикот да седне на клупата на Рома, од следната сезона да го води тимот наместо Клаудио Раниери.
Откако неодамна ја презеде улогата на фудбалски директор во Ред Бул, Клоп повторно се најде во центарот на вниманието – овојпат поради преговорите со клубот од Рим, со кој претходно зделката била во застој поради најавени промени во сопственичката структура. Но сега, се чини, работите се комплетно договорени.
Според италијанските медиуми, Германецот ја дал својата согласност на претседателот на Рома, Ден Фридкин, и договорот е постигнат.
Римскиот клуб веќе подолго време најавува сериозни промени, и оваа вест ја потврдува таа амбиција – нова ера на „Олимпико“ е на повидок, а со Клоп на кормилото, очекувањата се високи.
Клоп досега има оставено силен печат во европскиот фудбал – од Мајнц, преку Борусија Дортмунд до Ливерпул, со кој освои сѐ што можеше. Од заминувањето од „Енфилд“ на крајот од минатата сезона, беше надвор од тренерската сцена – но очигледно, паузата завршува.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













