Connect with us

Јирген Клоп би седнал на клупата на Реал ако „кралевите“ му исполнат три барања?

Реал Мадрид го именуваше Алваро Арбелоа по заминувањето на Чаби Алонсо, но сигурно дека раководството на клубот разгледува позвучни имиња за тренерската клупа, а меѓу нив се наоѓа и името на Јирген Клоп.

Клубот во моментов му укажува доверба на Алваро Арбелоа, кој ќе ја води екипата во наредните недели со цел да ја стабилизира формата. Не е исклучена можноста Арбелоа да остане на клупата до крајот на сезоната, но претседателот Флорентино Перез внимателно ги следи и другите можни замени, пишува „Ел Насионал“.

Клоп ја напушти клупата на Ливерпул во летото 2024 година, кога изјави дека постои можност повеќе да не се врати во тренерската работа. Оттогаш ја извршува функцијата глобален спортски директор и шеф на стратегија за клубовите во сопственост на „Ред Бул“.

Новиот тренер би можел да ја преземе екипата на Реал Мадрид ова лето, а еден од фаворитите е поранешниот стратег на Борусија Дортмунд и Ливерпул. Неговото искуство и импресивната биографија се главните препораки, а познато е дека Флорентино Перез исклучително го цени и дека веќе се обидувал да го донесе.


„Ел Насионал“ тврди дека Клоп има три услови за доаѓање: заминување на Винисиус доколку Бразилецот не го продолжи договорот и доведување на два конкретни фудбалери.

Едно од првите прашања што треба да се реши е иднината на Винисиус Жуниор. Со оглед на неговите променливи настапи и контроверзии, клучен фактор е што договорот му истекува во 2027 година. Доколку не дојде до продолжување, клубот најверојатно ќе го продаде уште ова лето за да избегне да замине без отштета.


Во Мадрид не сакаат да ризикуваат такво сценарио и ќе бараат сума поголема од 100 милиони евра. Во случај на продажба на Бразилецот, Клоп наводно веќе има план и предложил две имиња како потенцијални замени.

Клоп наводно е убеден во талентот и потенцијалот на фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс. Смета дека може максимално да ги искористи неговите способности и да му помогне да стане еден од најдобрите играчи во светот, како што претходно направи со Мохамед Салах, Садио Мане и Роберт Левандовски.

Втората желба на Клоп би било доведување на играч од средниот ред, а фудбалерот што најмногу се истакнува е Бруно Гимараеш. Ѕвездата на Њукасл и претходно се поврзуваше со Реал Мадрид, кој сега би можел повторно да го обнови интересот за негово ангажирање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови