Connect with us

Јетон Муслиу ќе го води Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи го назначи Јетон Муслиу за в.д.шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим. Тој ги води тренинзите на екипата по заминувањето на Хасан Озер кој доби отказ после поразот од Ренова (1-2) на домашен терен. Јетон Муслиу е координатор на младинските категории на клубот, но секогаш е подготвен да помогне во сениорскиот погон.

Шкупи в недела го очекува гостување кај Академија Пандев во Струмица. Тимот од Чаир сега има големи десет бода негатива во однос на лидерот Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови