Македонскиот првак Шкендија утревечер го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на УЕФА Конференциската лига, а противник е шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано на „Естадио де Вајекас“ во Мадрид.
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, го истакна значењето на натпреварот за сите во клубот, како и за фановите на тетовскиот тим.
„Ова е важен натпревар за нас како клуб, како стручен штаб, како фудбалери и за сите кои се вклучени во клубот, бидејќи е историски во однос на нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат.“
„Верувам дека не би било коректно да издвојам еден фудбалер на Рајо Вајекано, затоа што имаат многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до тимот, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.“
„За нас е важно да имаме добра игра, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од оваа лига како Ла Лига, која според мене е најсилниот шампионат во светот. Исто така, голема почит за мојот колега од Рајо Вајекано, за кого се зборува дека е исклучително добар тренер“, изјави Јетон Беќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













