Нерешениот исход без голови (0-0) на гостувањето кај ТНС, шампионот на Велс, е прифатлив за тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, иако, како што вели тој, со малку повеќе среќа или концентрација, можеше да се стигне и до победа во првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
„Мислам дека натпреварот во одредени моменти беше под наша контрола. Имавме повеќе чисти шанси од противникот. Во една ситуација, кога направивме грешка во одбраната, нашиот голман не спаси од стопроцентна можност за домаќините. Ако се земат предвид пречките со кои се соочивме, како синтетичката подлога или отсуството на два многу важни фудбалери во подготовките во Словенија, Бесарт Ибраими поради повреда и Ибрахим Алхасан поради визни проблеми, сметам дека резултатот е сосема прифатлив. Треба да останеме приземни и да се обидеме мудро да ја менаџираме ситуацијата во двомечот за да се пласираме во следната рунда“, изјави Јетон Беќири.
Пред реваншот во Скопје, сега Шкендија е фаворит за пласман понатаму.
„Сметам дека ние сме фаворити. Според квалитетот кој го имаме во екипата, сме во предност. Ќе имаме уште една недела за дополнителна работа, што е важно за да влеземе подобро во натпреварувачки ритам. Бесарт Ибраими беше подготвен само за 45 минути и во договор со стручниот штаб одлучивме да настапи во второто полувреме. Верувам дека оваа дополнителна недела ќе им помогне и нему и на останатите кои сè уште не се на максимум. Во реваншот во Скопје, со максимална посветеност и поддршка од нашите навивачи, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе се радуваме и ќе избориме пласман во второто квалификациско коло“, истакна тренерот на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













