Јетон Беќири и официјално има нов клуб. Поранешниот тренер на Шкендија е назначен за шеф на стручниот штаб на азербејџанскиот суперлигаш Габала.
Македонскиот стратег се обврза на едногодишна соработка, со можност договорот да биде продолжен за уште две сезони.
Беќири на новата функција ќе започне на 20 септември, а во работата ќе му помага Бурхан Емрулаи, кој досега го предводеше второлигашот Камјани.
Четириесет и четиригодишниот тренер зад себе има успешен период со Шкендија. Во сезоната 2024/25 ја освои шампионската титула во Македонија, а потоа го предводеше тетовскиот клуб до историски пласман во нокаут-фазата на Конференциската лига на УЕФА.
Во својата кариера Беќири работеше и во Дрита, Гостивар, Ренова и Струга, како и во албанскиот клуб Билис Балш. Исто така, беше спортски директор на саудискиот Ал Џабалаин.
Сега македонскиот тренер ќе се обиде да остави свој печат и во азербејџанскиот фудбал, предводејќи ја Габала во продолжението од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













