Connect with us

Јани Атанасов останува на „Пољуд“ до лето 2023 година

Македонскиот репрезентатовец Јани Атанасов денеска го продолжи договорот со Хајдук Сплит на уште една година, односно до летото 2023 година.


22-годишниот играч од средниот ред пристигна на „Пољуд“ во септември 2020 година и оттогаш за Хајдук одигра 47 официјални натпревари, постигнувајќи четири гола и асистенции.

„Јани беше доведен во нашиот клуб како слободен играч преку скаутинг процес, досега одигра 47 официјални натпревари на кои имаше подеми и падови карактеристични за младите играчи. Морам да нагласам дека покажа дека има квалитет за Хајдук, напредуваше во неколку сегменти од фудбалската игра и јасно е дека созрева како личност и карактер. Опцијата за продолжување на постоечкиот договор е логичен редослед бидејќи тој е млад и потентен играч“, изјави спортскиот директор на клубот, Миндаугас Николичиус.

Јани Атанасов е среќен што ја продолжи соработката со Хајдук Сплит.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Хајдук и што ќе бидам дел од овој проект во наредниот период. Од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно и голема чест е да го носам дресот на овој голем клуб со најдобрите навивачи во светот. Чувствувам голема одговорност и предизвик да ја вратам таа доверба со добри игри и успеси на тимот и верувам дека оваа сезона заедно ќе се радуваме“, изјави Јани Атанасов по продолжувањето на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови