Башкими ги крои плановите за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Баже Јанакиевски е дециден дека со соодветни засилувања и подготовки, кумановскиот состав ќе обезбеди опстанок во елитата и ќе прикаже фудбал по вкус на публиката.
Фудбалскиот клуб Башкими го заокружи првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига на средината на табелата. Со биланс од 6 победи, 4 нерешени резултати и 6 порази, кумановци, кои по долга пауза се вратија во елитата, покажаа дека имаат потенцијал, но и осцилации кои мора да се корeгираат.
По солидниот старт под водство на Муарем Муарем, тимот подоцна го презеде стратегот Баже Јанакиевски, кој даде реален осврт на досегашниот учинок:
„Ова беше солидна полусезона со реална позиција на табелата во Првата лига“, истакна Јанакиевски.
Иако финишот на есенскиот дел беше тежок – со три последователни порази и гол-разлика 1:12 – Јанакиевски верува во пресврт. Неговиот фокус сега е насочен кон преодниот рок и подигнување на нивото на игра.
„Амбициите се јасни, опстанок во сигурната зона. Затоа, мора да изградиме тим кој ќе биде способен да бара победа против која било екипа во Првата лига“, дециден е предводникот на Башкими.
Освен резултатите, за стручниот штаб е важен и впечатокот кај навивачите. Јанакиевски најавува офанзивен и атрактивен фудбал во пролетниот дел.
„Очекувам во продолжението од шампионатот Башкими да игра фудбал кој ќе ги задоволи вкусовите на нашата верна публика“, заклучи тој.
Башкими својата пролетна приказна ја започнува на домашен терен во Куманово, каде на 15 февруари ќе го пречека тимот на Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













