Башкими ја започнува пролетната полусезона со истата цел како и на почетокот на шампионатот – обезбедување опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Првата пречка е тимот на Силекс, за кого тренерот Баже Јанакиевски има посебен респект.
„Играме против добар тим кој речиси ништо не промени во играчкиот кадар во однос на претходната сезона, што говори за нивната добра воиграност“, изјави Јанакиевски.
Според него, Башкими нема што да изгуби во Кратово и ќе настапи без притисок, во потрага по позитивен резултат.
„Одиме во Кратово да се надигруваме и ќе го дадеме максимумот за да извлечеме поволен исход. Посакувам Башкими да одигра добра полусезона и да обезбеди директен опстанок“, додаде Јанакиевски.
Натпреварот помеѓу Силекс и Башкими ќе се одигра на градскиот стадион во Кратово, со почеток во 14:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













