Голманот на Интер, Јан Зомер, беше еден од најзаслужните за епската победа на „нерoаѕурите“ против Барселона со 4-3 по продолженија, што ги одведе во финалето на Лигата на шампионите. Со неколку неверојатни интервенции, особено во најкритичните моменти, Зомер заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот од УЕФА.
„Многу сум среќен, ова беше навистина неверојатен натпревар“, изјави швајцарскиот чувар на мрежата. „Најмногу ќе ја паметам последната одбрана – против Ламин Јамал. Тој е фантастичен играч, но, за среќа, не постигна гол.“
Зомер посебно го пофали духот на Интер, кој не се предаде ниту кога беше во негатива.
„Многу екипи би се откажале при резултат 2-3, но не и ние. Се боревме до крај и тоа ни се исплатеше“, рече тој.
За Зомер и за целиот тим, пласманот во финалето е момент за гордост.
„Беше луд меч. Горди сме на нашиот карактер и игра. Кога сите мислеа дека сме елиминирани, ние верувавме. Финалето значи многу – не добивате многу вакви шанси. Последните четири минути во продолженијата беа како да ни е последната шанса во животот. И ја искористивме“, заврши Зомер.
Интер сега има шанса да ја освои својата четврта титула во најелитното европско натпреварување – и да ја заокружи оваа незаборавна приказна на врвот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













