Connect with us

Јан Зомер ќе го брани голот на Ајакс?

Јан Зомер ќе го напушти Интер ова лето, но нема да замине во пензија. Искусниот 37-годишен чувар на мрежата заминува од редовите на шампионот на Италија по истекот на договорот на 30 јуни, но јасно ставил до знаење дека сака да брани уште неколку сезони пред пензионирањето.

Според „Кориере дело Спорт“, Ајакс веќе стапил во контакт со Зомер и му понудил улога на прв голман, што за него е многу важен фактор при носењето на конечната одлука. Во Амстердам го гледаат како идеално решение по очекуваното враќање на Витеслав Јарош во Ливерпул.

Зомер во Интер пристигна во август 2023 година од Баерн Минхен за 6,9 милиони евра и оттогаш беше стандарден прв голман на миланскиот клуб.

Иако веќе е во поодминати играчки години, Швајцарецот и понатаму сака активно да брани на највисоко ниво, па преселбата во Ајакс би можела да му обезбеди континуитет и редовна минутажа.

Тој веќе се повлече од репрезентацијата на Швајцарија, па затоа не настапува на актуелниот Мундијал. Во националниот тим забележа 94 настапи и долго време беше неприкосновен „број еден“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови