Словенечкиот голман Јан Облак би можел ова лето да ја заврши својата децениска авантура во Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во турскиот гигант Галатасарај.
Иако има важечки договор со „јорганџиите“ до 2028 година, шпанските и турските медиуми пишуваат дека Облак е многу блиску до заминување од Мадрид. Според одредени извори, Галатасарај веќе стапил во контакт со Облак и разговарал за условите на евентуалната соработка.
Причината за интересот на турскиот шампион е заминувањето на легендарниот Фернандо Муслера, кој по 14 години ќе го напушти клубот. Веднаш започна потрагата по достојна замена, а прв избор е токму Облак.
Галатасарај е подготвен да понуди 25 милиони евра за искусниот голман, кој има 32 години. Облак во дресот на Атлетико има 487 настапи и неверојатни 221 натпревар без примен гол, со што се вбројува меѓу најдобрите голмани во светот.
Кариерата ја започна во Олимпија Љубљана, а потоа настапуваше за Беира Мар, Леирија, Рио Аве и Бенфика, пред да се пресели во Атлетико. За репрезентацијата на Словенија има 76 настапи и е актуелен капитен на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













