Ламин Јамал веќе не се задоволува само со тоа што е сметан за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. На 18 години, фудбалерот на Барселона има амбиција да се искачи до самиот врв и отворено признава дека очекува „Златната топка“ да заврши во негови раце.
Јамал во разговор за најдобрите фудбалери на денешницата го спомна Килијан Мбапе, но не остави простор за дилема околу тоа кој според него ја заслужува престижната награда.
„Килијан Мбапе и јас сме најдобрите двајца фудбалери во светот. Но, сметам дека оваа година Златната топка треба да биде моја“, порача шпанскиот репрезентативец.
Иако зад себе веќе има успеси кои се неверојатни за неговата возраст, Јамал не сака да се навраќа на она што го постигнал. За него секој нов натпревар е можност да направи уште еден чекор кон целта да остави трага во историјата.
Токму затоа не го крие незадоволството од својот настап на последното Светско првенство.
„За некој друг фудбалер тоа што го направив на Светското првенство би било одлично. Но, јас не гледам така. Од себе барам многу повеќе“, вели Јамал.
Следниот Мундијал веќе е во неговите мисли.
„Навистина сакам следното Светско првенство да дојде што побрзо“, додава тој.
Јамал е свесен дека неговиот развој е нешто невообичаено. Во период кога повеќето фудбалери на неговата возраст сè уште се борат за место во првиот тим, тој веќе е носител на играта во Барселона и важен дел од шпанската репрезентација.
Затоа не се плаши ниту од споредбите со фудбалските икони.
„Меси, Кристијано и Марадона се легенди на фудбалот. Но, не мислам дека некогаш претходно имало играч кој освоил толку многу во толку рана возраст“, истакна Јамал.
Најголемиот предизвик за него сега е да не дозволи раниот успех да го забави. Младиот Шпанец тврди дека токму спротивното е случај.
„Луѓето можеби мислат дека ќе се опуштам затоа што веќе имам освоено многу. Но, јас сум свесен дека ме чека уште огромна работа. Имам уште илјада работи што треба да ги направам за да останам во историјата на фудбалот“, порача Јамал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













