Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, се соочува со сериозен проблем откако му беше дијагностицирано кинење на задната ложа, објави „Марка“.
Повредата ја заработи на синоќешниот првенствен натпревар против Селта (1-0), а во наредните часови се очекуваат дополнителни медицински прегледи кои ќе ја дефинираат точната должина на паузата. Она што е веќе извесно е дека младиот офанзивец ќе го пропушти големото дерби — „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 10 мај, а не е исклучено да отсуствува и до крајот на сезоната.
Ситуацијата предизвика загриженост и на национално ниво, бидејќи повредата доаѓа во чувствителен момент пред настапите на Шпанија на Светското првенство кое започнува на 11 јуни. Јамал имаше значајна улога во освојувањето на европската титула пред две години, но сега постои реална опасност да не биде во посакуваната форма за мундијалскиот предизвик.
Инаку, 18-годишниот талент веќе имаше проблеми со повреди оваа сезона, кои дополнително се влошија по настапот во квалификацискиот меч против Бугарија во септември во Софија.
Во меѓувреме, Барселона е на чекор до шампионската титула во Ла Лига, со девет бодови предност пред Реал Мадрид на пет кола пред крајот на првенството.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













