Швајцарија утревечер во Луцерн ќе ја пречека Македонија во последниот натпревар од овој репрезентативен циклус во Лигата на нации, со јасна цел – да го задржи максималниот ефект и да ја потврди фаворитската улога.
Домашната селекција во досегашниот дел од циклусот забележа три победи, меѓу кои и убедливиот триумф над Македонија во Скопје, па во пресрет на утрешниот дуел влегува со значително поголема самодоверба. Сепак, селекторот Мурат Јакин најавува промени во составот, пред сè поради заморот што се насобра кај репрезентативците.
Швајцарците претходните два натпревари против Шкотска и Словенија ги започнаа со иста стартна постава, но таквата пракса нема да продолжи и против Македонија. Јакин планира ротации и ќе им даде можност на дел од фудбалерите кои досега имаа помала минутажа да се покажат.
„Ова ќе биде наш четврти натпревар во само 11 дена. Дуелот со Словенија беше вистинска битка, со многу трчање и физички дуели. Мора да одмориме неколку играчи, а истовремено и други фудбалери заслужуваат шанса да се докажат. Ќе има промени, но тоа не значи дека ќе бидеме опуштени. Дуелот со Македонија го сфаќаме сериозно“, порача Јакин.
Македонија, пак, во Луцерн пристигнува со три порази од исто толку натпревари и без постигнат гол во досегашниот тек од циклусот. Избраниците на Гоце Седлоски имаат гол-разлика 0-7 и утре ќе се обидат да стават крај на негативната серија – со прв гол, а можеби и со први бодови во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













