Во второто коло од групата А на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Мароко на стадионот „Принц Мулај Абдала“ во Рабат го пречека Мали, а натпреварот заврши без победник, 1-1.
И овојпат Мароко мораше да настапи без Хакими, кого вечерва на теренот сакаше да го види и Килијан Мбапе, кој дојде да го следи натпреварот во живо, имаше поголема иницијатива и повеќе напаѓаше, но тешко дека може да се каже дека заслужи победа.
Од самиот почеток беше јасно кој тим располага со поголем квалитет, но надмоќта требаше да се преточи во резултат против исклучително тактички подготвената селекција на Мали. Мароко ја водеше играта, имаше многу додавања, но одбраната на Мали вечерва беше на исклучително високо ниво.
Првиот гол на натпреварот дојде од пенал. По теренската иницијатива на Мароко, дури во финишот на првото полувреме ја видовме промената на резултатот. По интервенција на ВАР-технологијата, Гасама ја допре топката со рака, судијата по прегледот на снимката покажа на белата точка, а Брахим Дијаз беше сигурен изведувач за 1-0.
Во 59. минута Синајоко падна во казнениот простор, Ел Јамик стартуваше крајно невнимателно, а судијата првично покажа дека станува збор за симулација, иако веднаш беше јасно дека треба да се досуди пенал. Тоа го увиде и арбитарот, но дури по преглед на снимката, по што Синајоко беше прецизен од белата точка за 1-1.
Одлична можност да му донесе победа на Мароко имаше Ен-Несири, но неговиот удар заврши директно во голманот.
До крајот имаше многу нервоза, што го потврдува и дури десетминутното продолжение, но ни тоа не му помогна на Мароко да стигне до втора победа на турнирот. Неверојатна сцена се случи во самиот финиш, кога Кулибали сакаше да ја врати топката до својот голман и за малку ќе си постигнеше автогол, но Дијара со одлична интервенција го спречи тоа.
Во последното коло, сите селекции од групата ќе имаат шанса да обезбедат пласман во нокаут-фазата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













