Connect with us

Ивановски со хет-трик го предводеше Пелистер до убедлива победа

Пелистер продолжува со битката за највисок пласман во Втората македонска фудбалска лига. Битолчани славеа убедливо со 3-0 против Осогово во натпреварот од осмото коло и ја задржаа делбата на второто место на табелата.

По враќањето на стадионот „Петар Милошевски“, избраниците на Борче Христов одиграа доминантен натпревар, а главен јунак беше Иван Ивановски. Офанзивецот ги постигна сите три гола за домаќините и со хет-трик го реши отпорот на гостите од Кочани.

По првото полувреме без погодоци, Ивановски го отвори резултатот во 58. минута. Осогово успеваше да се одржи во игра до самиот финиш, но во 86. минута напаѓачот повторно погоди за 2-0, а во третата минута од судиското продолжение го комплетираше хет-трикот и ја потврди убедливата победа на Пелистер.

Со новите три бода, битолскиот тим стигна до 18 бодови, исто колку што има и Работнички, кој има одиграно еден натпревар помалку. На врвот останува Охрид со 19 бодови, па трката за првото место во ВМФЛ продолжува со минимални разлики меѓу водечките екипи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови