Connect with us

Иван Варадиновски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Скопје

ФК Скопје има нов стручен штаб со кој ќе се обиде да ја подобри ситуацијата во ПМФЛ. Нов тренер на прволигашот е Иван Варадиновски од Штип, кој доаѓа на местото на Муарем Муарем по слабите резултати на стартот од сезоната.

Варадиновски во минатото работеше во Новаци и Детонит, а минатата сезона беше на клупата на Кожув. Сега го очекува нов предизвик во најсилната македонска фудбалска конкуренција, а негов помошник ќе биде Иван Настевски.

Од ФК Скопје посебно го истакнаа фактот што новиот тренерски тандем има и играчка историја во клубот.

„Посебна важност носи фактот што Иван Варадиновски и Иван Настевски во минатото како фудбалери го носеа дресот на ФК Скопје, а денес се враќаат во клубот во нова улога“, соопштија од клубот.

Новиот стручен штаб веднаш ќе биде ставен на сериозен тест. По репрезентативната пауза, ФК Скопје го очекува градското дерби против актуелниот шампион Вардар, што ќе биде и првиот натпревар за Варадиновски на клупата на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови