Connect with us

Иван Тричковски награден со нов договор, останува верен на АЕК Ларнака

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски го продолжи договорот со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака, каде игра од 2016 година. “АЕК Ларнака со задоволство известува за продолжување на договорот со Иван Тричковски. Повеќе детали утре, по потпишувањето на договорот”, се вели во соопштението на кипарскиот клуб.

Со ова, Тричковски става крај на шпекулациите за негово заминување, со оглед на тоа што актуелниот договор истекуваше на 30 јуни следната година. Тој во 2016 година ја напушти Легија Варшава, а трансферот во “жолто-зелените” се покажа како едно од најдобрите засилувања на клубот. Интересно е што токму тој е на врвот на листата на најдобри странци кои го носеле дресот на еикпата од Ларнака.

Под водство на 34-годишниот напаѓач, кој оваа сезона има постигнато шест погодоци на пет натпревари, АЕК се наоѓа на на второто место во најсилната кипарска лига со 11 бодови, еден помалку од водечкиот Аполон.

Advertisement

Facebook

Тимови