
Хрватската фудбалска легенда Иван Ракитиќ се подготвува за својот последен танц на тревникот. По завршувањето на сезоната во Хрватска, 37-годишниот плејмејкер ќе ја заврши својата богата и инспиративна кариера.
Последниот натпревар на Ракитиќ со Хајдук ќе биде против Шибеник, а сцените од вчерашниот натпревар против Ријека, кога емотивно се расплака на стадионот „Пољуд“, зборуваат повеќе од илјада зборови. Тоа беше неговиот последен натпревар пред домашната публика – топло збогување со навивачите кои го примија како свој.
Иако сè уште нема официјална потврда од самиот играч, очекувањата се дека во следните денови Ракитиќ и јавно ќе соопшти дека става крај на својата професионална фудбалска приказна.
По враќањето во татковината летоска, тој повторно го облече дресот на Хајдук Сплит, клубот што го носи во срцето. Во оваа последна сезона одигра 38 натпревари, постигна два гола и забележа пет асистенции – доволно за уште еднаш да потсети на својата класа.
Ракитиќ заминува со високо крената глава, оставајќи зад себе блескава кариера исполнета со незаборавни моменти – и во клупскиот, и во репрезентативниот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal