Еден од најдобрите стрелци во Втората македонска фудбалска лига минатата сезона, Иван Глигоров, е новото засилување за офанзивниот дел од тимот на Брегалница.
По одличните настапи во дресот на Охрид минатата сезона, Глигоров се најде на мета на повеќе прволигашки клубови, но сепак ја донесе одлуката да се врати во својот матичен клуб и да ја избере својата „прва љубов“, Брегалница.
Фудбалските почетоци Иван Глигоров ги имаше во италијанската ИМС фудбалска академија, по што замина во младинскиот погон на португалскиот клуб Национал. Од Португалија се врати во Македонија на 19-годишна возраст, кога повторно го облече дресот на Брегалница и настапуваше во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Потоа кариерата ја продолжи во Охрид Лихнидос, каде што беше убедливо најдобар стрелец, а на почетокот од сезоната имаше и кратка епизода во редовите на Арсими.
Со неговото враќање, Брегалница добива значајно засилување во нападот и фудбалер кој веќе има искуство со настапи во македонскиот фудбалски шампионат.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













