Репрезентацијата на САД со убедливи 4-1 го совлада Парагвај во натпреварот од првото коло на Светското првенство, а мечот го одбележа и една од првите интервенции на ВАР-технологијата според новите правила на ФИФА.
Најголема жртва на новитетите беше Мигел Алмирон. Искусниот офанзивец успеа да изнуди жолт картон за капитенот на САД, Тим Рим, но на крајот токму тој беше казнет.
Miguel Almiron with the most obvious dive in World Cup history… and it worked 😭😭😭 pic.twitter.com/UStvMcqW6S
— Banter FC (@FCBanter_) June 13, 2026
Главниот судија Дани Макели доби повик од ВАР-собата да ја прегледа спорната ситуација. По увидот во снимката, Макели утврди дека направил грешка во првичната проценка.
Судијата ја поништи претходно покажаната јавна опомена за Тим Рим, а потоа му додели жолт картон на Алмирон поради симулирање.
Оваа ситуација е еден од првите примери на Мундијалот како новите ВАР-протоколи можат да влијаат врз дисциплинските одлуки, овозможувајќи корекција на судиските грешки и санкционирање на обидите за измамување на арбитрите.
САД на крајот без поголеми проблеми стигна до убедлива победа од 4-1 и успешно го започна настапот на Светското првенство.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













