Максимилијан Ибрахимовиќ е новиот напаѓач на Ајакс. Синот на Златан Ибрахимовиќ го напушти Милан и се пресели во Амстердам, во редовите на Ајакс, клуб кој беше и првиот голем трансфер на неговиот татко.
Максимилијан Ибрахимовиќ е роден во 2006 година, може да игра како лево крило или втор напаѓач, потекнува од шведскиот Хамарби, но од 2023 е во академијата на Милан. Тој дојде на шестмесечна позајмица, со опција за откуп на неговиот договор.
Во Ајакс се надеваат дека Ибрахимовиќ би можел да ја повтори историјата на својот татко Златан, кој го носеше дресот на „копјаниците“ од 2001 до 2004 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













