Дебитантот во МЛС – лигата, тимот на Сан Диего, потпиша договор со мексиканскиот интернационалец Ирвинг Лозано. 28-годишниот крилен напаѓач ќе остане во ПСВ Ајндховен во следните шест месеци пред да му се приклучи на Сан Диего на 1 јануари 2025 година за новата сезона во МЛС, соопшти клубот.
Договорот на Лозано е на четири години – до крајот на 2028 година, со опција за уште две години.
Финансиските услови на договорот не беа објавени, но според локалните медиуми, Лозано ќе инкасира околу 7 милиони долари годишно.
Во Европа, Ирвинг Лозано одигра и четири сезони со тимот на Наполи, за кој забележа 155 натпревари со 30 гола и ја освои титулата на Италија во летото 2023 година.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













