Дека спортот одамна не е имун на геополитиката докажува и последната драма на релација Вашингтон – Техеран.
На само десет дена пред почетокот на Светското првенство, Белата куќа, по долги одложувања и дипломатски притисоци, конечно даде зелено светло за визите на иранската фудбалска репрезентација.
Ноќната експресна реакција на американската администрација беше чист маневар за спречување на невиден меѓународен скандал, откако иранската дипломатија јавно алармираше за блокадата.
Но, штетата во односите е веќе направена. Поради токсичната атмосфера и анти-американското расположение, Иранците демонстративно го напуштија планираниот камп во Аризона и се стационираа во пограничната Тихуана, сведувајќи го своето присуство на американско тло на апсолутен минимум.
Овој шампионат сепак ќе испише мрачна историја – како прв турнир на кој земјата-домаќин е во активен воен конфликт со еден од учесниците.
Дека тензиите се на врв потврди и државниот секретар Марко Рубио, кој повлече црвена линија: безбедносните филтри се немилосрдни и влез во САД е строго забранет за кој било член на делегацијата поврзан со Револуционерната гарда.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













