Репрезентацијата на Иран го отвори настапот на Светското првенство со реми 2-2 против Нов Зеланд во Лос Анџелес, но натпреварот беше проследен со бројни контроверзии и проблеми надвор од теренот.
Според информациите од иранските медиуми, репрезентативците се пожалиле на третманот од американските власти. Поради безбедносни и административни ограничувања, тие го избрале Мексико како своја база за време на турнирот и по секој натпревар мораат веднаш да ја напуштат територијата на САД.
Дополнителни потешкотии имале уште пред почетокот на шампионатот, кога дел од членовите на експедицијата наидоа на проблеми при добивањето визи. Иако на крајот биле издадени дозволи за влез, тие биле со посебни ограничувања кои наложуваат брзо напуштање на земјата по завршувањето на обврските.
Најновиот проблем го погоди крилниот напаѓач Мехди Тораби. Неговата виза била одобрена само за еднократен влез во САД, а таа веќе е искористена за натпреварот против Нов Зеланд. Поради тоа, во моментов е неизвесно дали ќе може да настапи на следните дуели против Белгија на 21 јуни во Лос Анџелес и против Египет на 27 јуни во Сиетл, како и во евентуалната нокаут-фаза.
Од извори блиски до Фудбалската федерација на Иран соопштиле дека се прават напори за обезбедување нова виза за искусниот фудбалер.
Тораби има 31 година и досега забележал 51 настап за иранската репрезентација, при што постигнал седум голови. Неговото евентуално отсуство би можело да претставува сериозен удар за селекцијата во продолжението од турнирот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













