Интер западна во мини криза во многу незгоден момент од сезоната. „Нероаѕурите“ загубија со 0-1 од Рома, што беше нивен втор последовен пораз во Серија А и трет вкупно во сите натпреварувања.
Тренерот Симоне Инзаги призна дека екипата не е навикната на ваква ситуација, но истакна дека верува во брзо враќање на вистинскиот пат.
„Тоа е фудбалот. Запишавме три порази што болат, но тимот даде сѐ од себе. Немавме доволно острина, особено во првото полувреме, но играчите се обидоа да го надоместат тоа со срце. Поразот дома беше голем удар за нас, па фактот што навивачите ни аплаудираа и нѐ поддржаа значи многу. Моите играчи секогаш го даваат срцето и душата на теренот и секогаш ќе им бидам благодарен за тоа“, изјави Инзаги.
„Нормално, не сме навикнати на три последователни порази. Ова беше навистина тешка седмица за нас.“
Инзаги го коментираше и претстојниот полуфинален меч со Барселона во Лигата на шампионите.
„Ја гледав Барселона и веќе знаеме колку се силни, но ќе одиме таму со почит и без страв“, нагласи Инзаги.
Тој исто така ја анализираше играта на својот тим против Рома.
„Требаше да бидеме подобри како тим, притискавме индивидуално, а не како целина. Голот падна по несреќен рикошет што му дојде на пат на Суле. Рома одигра добро, но ние заслуживме нешто повеќе – создадовме многу шанси што не успеавме да ги реализираме, главно поради недостиг на острина во нападот. Сега мораме брзо да се соземеме, затоа што не очекуваат големи натпревари и во Серија А и во Лигата на шампионите. Можеби позитивен резултат ќе ни донесеше повеќе енергија, но мораме да ја најдеме во себе. Навивачите знаат колку многу даваат овие момци оваа сезона. Време е да ги наполнеме батериите, и психички и физички, и да анализираме каде можевме да бидеме подобри“, заклучи Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













