Интер се радува на нов триумф, овојпат на гостувањето кај Лече, славејќи со 0-2 во 26. коло од Серија А.
Во првото полувреме тимот на Кристијан Киву не успеваше да го пробие отпорот на домаќините. Сепак, вториот дел донесе целосна промена – гигантот од Милано го потврди својот квалитет и го обезбеди триумфот.
Првиот погодок го постигна Хенрик Мхитарјан во 75. минута, а конечните 0-2 ги постави Мануел Аканџи со удар со глава, по нафрлената топка од Федерико Димарко, кој ја реализира својата 14. асистенција сезонава.
Интер го контролираше мечот до самиот крај, обезбедувајќи значајна предност од десет бода пред второпласираниот Милан. Иако „росонерите“ имаат натпревар помалку, нив ги чека тежок предизвик во обидот да го стигнат градскиот ривал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













