Италијанскиот калчолигаш Интер сериозно размислува за потписот на Начо Фернандез кому му истекува договорот со Реал Мадрид. „Марка“ тврди дека „нероаѕурите“ се во контакт со агентите на играчот и разговараат за понуда за три сезони и покрај тоа што тој има 33 години.
Начо е дел од Реал Мадрид повеќе од 20 години, откако се приклучи на школата во 2001 година. Сепак, тој многу веројатно нема веќе да остане на „Бернабеу“.
Медиумите во Шпанија тврдат дека дефанзивецот во моментов го бара и Вилјареал, а пред извесно време се зборуваше за интерес и од Рома.
Интер е во потрага по нов дефанзивец бидејќи Милан Шкриниар заминува во Пари Сен Жермен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski